Мерт од „Двоен живот“ во приватноста има идентичен брат близнак (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Турските серии одамна ја освоија Македонија, но во последиве неколку месеци, хит серијата „Двоен живот“ ги руши рекордите на гледаност на телевизија Сител. Младиот 28 годинишен турски актер Серкан Бадур, кој публиката го препознава по улогата на Мерт во истата серија, неодамна на своите фанови им откри еден интересен детаљ од приватноста.

Имено, тој на својот Инстаграм откри дека има брат близнак со кој можеби не се идентични, но доста личат еден со друг.

Поголем број од неговите следбеници помислија дека станува збор за некаква шега, но Серкан со уште неколку фотографии потврди дека тоа е вистина.

Исто така, и турскиот актер Булент Инал ја освои публиката со улогата на Кемал во серијата „Двоен живот“.

Тој моментално работи на нова историска серија во која изгледа сосема поразлично од Кемал кој го познаваме од телевизија.

Со долга брада и труска униформа, актерот Булет има перфектна трансформација од која тешко би го препознале.

Кога станува збор за неговата приватност, тој е среќно оженет човек кој има едно малечко синче.

Жената која го освои неговото срце е вистинска синоока убавица, а пак синчето е негова мини копија. Ова е „Кемал Ипекчи“ приватно: