Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со слаб до умерен северозападен ветер. Од петок ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините. Во недела и понеделник се очекува зголемена облачност со локални врнежи претежно од снег.
Прогнозите според метеоролозите во Македонија предвидуваат дека првите месеци во 2019 година, јануари и февруари според температурите ќе бидат во границите на нормалата или малку над нив, но затоа пак ќе има повеќе врнежи од обично.
Поради тоа како што најавуваат тие низ целиот Балкан можно е да се појават поинтензивни снежни врнежи кои би наликувале на вистинска снежна зимска бура.
Прогнозата одделно за секој ден од месец јануари пак можете да ја видите во продолжение. А таа најавува и многу ниски температури, снег, дожд, па дури и замрзнат дожд на места.