Месечен хороскоп за јануари 2020

|

ОВЕН

Работа

Позицијата и статусот ќе ви дојдат на прво место овој месец, сакале вие или не.

Некои Овни ќе посакаат да ја сменат работата, други ќе бидат принудени да го направат тоа. Ќе ви се понуди подобро платено место, но на почетокот ќе се јават мали проблеми кои не треба да ве загрижуваат-

Во однос на финансиите, некако добро ќе ви оди со нивното распологање. Добар декември е ова за вас.

Љубов

Ако сте во врска: Врските кои се стабилни ќе ги надминат сите тестови во текот на декември. Но, постои голема шанса да се развијат конфликти кои морате да ги издржите. Овие односи веќе некое време се под тензија, но под владеењето на Јарец, ќе почнат да експлодираат. Тоа значи дека многу односи ќе бидат завршени, а другите пак ќе се зацврстат.

Ако сте слободни: Декември ќе биде месец на силни страсти, но и период кога ќе се заљубите и ќе посакате да останете покрај една личност.

Здравје

Можни се ревматски проблеми, но и повреди и проблеми во сообраќајот.

БИК

Работа

Јануари е обично досаден месец, но вам ве очекува непланирано патување кое ќе ве освежи. Овој месец ви носи можност и за зголемување на заработувачката, па добро е да бидете внимателни со трошењата и да не се залетате многу. Упорноста која е дел од вашата личност ќе се исплати и ќе добиете добри критики од колегите и надредените. Тоа ќе ви даде самодоверба и ќе го поправи вашето расположение.

Овој месец барајте конкретни информации и држете се до своите долгорочни цели.

Љубов

Ако сте во врска: Крајот на месецот носи несогласувања со саканата личност. Потрудете се да најдете компромис и да не ги правите конфликтите уште поголеми.

Ако сте слободни: Ќе ве привлекуваат Јарец, Овен и Лав, но вашиот идеален партнер може да биде Шкорпија. На секој чекор ќе имате можности за флерт, но трудете се да уживате, а да не бидете крути и филозофски настроени. Имате таен обожавател кој нема храброст да ви пријде. Можна е и романса со колега.

Здравје

Овој месец ќе бидете малку повеќе нерасположени и раздразливи. Сепак, единствено нешто од што треба да се плашите се повреди.

БЛИЗНАЦИ

Работа

Подгответе се, кога ќе почне јануари ќе се најдете на мета на работното место. Луѓето ќе го бараат тоа што го сакаат од вас и нема да имаат пардон за тоа. Во оваа ситуција, многу важен е вашиот пристап. Останете силни, главата горе. Потрудете се на надредените да им покажете колку придонесувате за работата.

Љубов

Ако сте во врска: Успорете малку. Најдете време за саканата личност, но и за оние околу вас. Јануари е месец на празниците, искористете го времето да ширите љубов околу себе.

Ако сте слободни: Како што стојат работите, вие и во јануари ќе си останете истата неодлучна личност. Шанси ќе има, но бидете внимателни, можат брзо да ви избегаат, ако постојано се премислувате.

Здравје

Не го одложувајте одењето на лекар.

РАК

Работа

Ако се сосредоточите на тоа што го сакате, успехот е загарантиран. Целиот месец ве очекуваат добри вести, па затоа направете соодветна стратегија и искористете ги во своја полза. Sвездите се на ваша страна, но не занемарувајте ги и останатите аспекти на успехот.

Финансиите никако да ви бидат доволни и овој месец, но научете да располагате со тоа што го имате.

Љубов

Ако сте во врска: Искористете го овој период за да му се заблагодарите на партнерот за сета поддршка и да покажете колку ви значи тоа. Некои зафатени Ракови ќе се чувствуваат како љубовта полека да ги напушта, но нема потреба за грижи предвреме.

Ако сте слободни: Ќе бидете многу непостојани и нема да ве држи место. Ова е идеален месец за запознавање нова личност, но ќе треба да излезете и да ги отворите очите. Лесно ќе ги препознаете потенцијалните партнери.

Здравје

Изминатите месеци претеравте со работа, па сега е време да успорите и добро да се одморите.

ЛАВ

Работа

Овој месец некако погрешно ќе ја насочувате енергијата постојано. На крајот на месецот ќе пробате да ја планирате иднината, но тоа ќе ве измори и ќе се откажете. Размислете дали се однесуваат на адекватен начин кон вас на работното место и дали е тоа што го сакате. Ви се чини дека компромисот оди на ваша штета и дека тоа не е баш компромис.

Успехот овој месец ќе доаѓа тимски. Најдете поддршка кај колегите и разговарајте за сите работи кои ве мачат, а се поврзани со работата.

Љубов

Ако сте во врска: Ако сте во врска или брак, можно е изненадно патување. Зафатените претставници на овој знак ќе бидат опсипани со внимание од страна на саканата личност и тоа ќе им годи. Не ги преиспитувајте мотивите, само уживајте.

Ако сте слободни: Овој месец ќе сакате да правите промени кај себе, што ќе влијае многу позитивно кај спротивниот пол. Длабоко во себе сакате нова врска која ќе трае, а не авантури.

Здравје

Можни се вирусни инфекции. Хранете се поздраво овој месец.

ДЕВИЦА

Работа

Овој месец бидете посветени на креативноста и докажувањето пред надредените. За некои Девици е одличен период да ја започнат свој сопствен бизнис и ако веќе долго време чекате на тоа, ова е одличен период. Доаѓаат многу можности овој месец, на вас останува да ги препознаете.

Љубов

Ако сте во врска: Ова е период кој носи големи промени, но не само за декември туку и за цела престојна година. Оние врски кои се стабилни ќе процветаат во текот на овој период и ќе се соочат со големи успеси, но можен е крај на оние кои не се толку силни и кои се исполнети со тензија. Можно е и одвојување на некои двојки, но тоа нема да биде трајно.

Ако сте слободни: Овој месец може да се појави вистинската личност за вас, но морате малку да се тргнете од работата и да се посветите на излегување.

Здравје

Здравјето е одлично, само важно е да најдете време да се опуштите.

ВАГА

Работа

Декември е месец кој ви носи стабилност, а тоа е нешто по што Вагите највеќе копнеат. Овој период ќе бидете насочени кон одговорноста, но и свеста за тоа што ви е потребно во текот на следната година. Не размислувајте многу, насочете се само кон тоа што го сакате.

Љубов

Ако сте во врска: Односот со саканата личност е поволен и навистина мирен, а тоа ви годи овој месец. Можно е само одредени обврски да ве одалечат еден од друг, но ќе имате разбирање.

Ако сте слободни: Во текот на целиот месец, Вагите ќе бидат поврзани со минатото. Тоа може да биде само со размислување на одредена личност, но и отпочнување комуникација. Сепак, крајот на декември ви носи голема желба за лудување и излегување, искористете го период за тоа, не се враќајте во минатото.

Здравје

Можни се тегоби со кичмата, зглобовите и забите.

ШКОРПИЈА

Работа

Настапува период кога ќе морате да ја средите ситуацијата на работа, но и финансиите. Успесите ви се на дофат, но морате да го изодите последниот чекор. Соработката ќе оди добро со другите Шкорпии, но и забавните Овни.

Нашата препорака е само да бидете трпеливи овој месец.

Љубов

Ако сте во врска: Можете да очекувате финансиска поддршка од партнерот, а можно е и заедничко инвестирање во иднината. Постојано имате впечаток дека партнерот крие нешто од вас, но треба отворено да го поставите тоа прашање, а не да изигрувате детектив. Потрудете се да сфатите што има партнерот да ви каже без да запаѓате во големи конфликти.

Ако сте слободни: За слободните Шкорпии доаѓа месец во кој можеби ќе ја сретнат личноста на нивниот живот, но тоа ќе се случи само ако излегуваат почесто.

Здравје

Здравјето е одлично, сепак не изигрувајте јунаци, грижете се за своето здравје.

СТРЕЛЕЦ

Работа

Овој месец ќе се насочите кон зголемување на финансиите. Ова е одличен период да продолжите со тоа што сте го започнале, но и да им покажете на своите шефови колку умеете. Не мирувајте, ова е месец на докажување.

Љубов

Ако сте во врска: Обрнете внимание на вториот дел од месецот, бидејќи тогаш можни се конфликти кои ќе треба брзо да ги решите за да не се наталожуваат. Останатиот дел од декември ќе биде одличен, само посветете си внимание еден на друг. Многу ќе размислувате и ќе се преиспитувате за одлуките, но треба да запомните дека тоа ќе ве следи и следната година.

Ако сте слободни: За слободните Стрелци доаѓаат убави љубовни шанси. Меѓутоа, се што е поврзано со љубов, ќе треба да го чувате како тајна овој месец.

Здравје

Време е да се посветите на исхраната и да коригирате некои работи.

ЈАРЕЦ

Работа

Доаѓаат успеси, но ништо нема магично да се среди од себе овој декември. Ќе се разочарате ако го очекувате тоа. Овој декември е одличен вовед за следната година, изберете ги луѓето околу себе и посветете се на оние кои можат да ви донесат успех и да ви дадат поддршка во тоа што го правите.

Љубов

Ако сте во врска: Имате период пред себе кога ќе можете да се стабилизирате, но и да ги зацврстите односите со саканата личност. Ќе умеете да биде добри кон саканата личност, да покажете блискост и да бидете тука за нив.

Ако сте слободни: За слободните Јарци, ова е одличен период да заборавите на минатото и да се турнете во нови можности. Коцкичките ќе се склопат за вас, само останете посветени на тоа што го сакате.

Здравје

Можни се проблеми со жлездите и зголемен апетит.

ВОДОЛИЈА

Работа

Овој месец ќе биде одличен, а и исполнет со големи промени. Ќе се посветите на планирање за следната година, а тоа ќе ви оди добро. За некои Водолии следи промена на работата, започнување нов бизнис или унапредување. Од време на време, можен е затегнат однос со надредените, но потрудете се да останете смирени.

Љубов

Ако сте во врска: Љубовта е во втор план за Водолиите овој период. Декември нема да донесе проблеми, но од вас зависи на тоа на што сакате да се посветите.

Ако сте слободни: Слободните Водолии  уште размислуваат за минатото,  а покрај нив е некоја личност која очајно се труди да ги освои. Отворете ги очите, можеби таа личност е одлична за вас. Дајте и шанса.

Здравје

Одмарајте и заборавете на стресот.

РИБИ

Работа

Јануари ќе биде малку поповолен за вас. Одговорни сте и посветени и не дозволувате ништо да го менува вашето расположение. Ќе имате многу обврски и ќе морате да се приспособите на распоредот, но ќе успеете во тоа. Ова е стресен месец за вас на ова поле, но ќе успеете да ги надминете сите предизвици.

Љубов

Ако сте во врска: Мирен период за оние кои се во стабилни врски. Можни се недоразбирања, ќе треба да решите проблем кој трае веќе некое време.

Ако сте слободни: За Слободните Риби, и се допаѓате многу на некоја личност, но нашиот совет е да и дадете шанса.

Здравје

Можни се настинки и главоболки.