Овен – не чекајте!
Мај ќе биде прилично тежок месец од гледна точка на чувствата: почнувајќи од втората недела во месецот, планетата Венера ќе ви сврти грб и ќе се занимавате со љубовните кавги и недоразбирања со партнерот… Планетата Јупитер, по долг транзит во вашиот знак, во втората половина на мај ќе ве напушти: ако имате некакви предлози за работа, не чекајте, дејствувајте што поскоро!
Бик: голема среќа!
Месец мај конечно ќе го донесе влегувањето на планетата Јупитер во вашиот знак: за вашиот знак тоа ќе биде вистинска преродба! Откако поминавте навистина комплицирани и особено напорни неколку години на работа, сега ќе дојдат заслужените успеси: не отстапувајте од предизвиците, победата ќе биде ваша! Во мај можете да сметате и на прекрасната Венера, која ќе ви донесе среќа во љубовта.
Близнаци: збогум, Венера!
Мај за вас се отвора со прекрасна Венера во вашиот знак, подготвена да ви подари дефинитивно среќна прва недела од месецот што се однесува до чувствата. Ако имате нешто да разјасните со партнерот или некој важен разговор со кој треба да се справите, не чекајте тоа да го правите после седмиот ден. На полето на работа, првата половина на мај ќе биде посреќна од втората бидејќи можете да сметате на поддршката на Јупитер, активен во ваша корист до 16-ти.
Рак: месец на љубовта!
Мај ќе биде месец на љубовта за вашиот знак! Почнувајќи од 7-миот ден, планетата Венера ќе се придружи на вашиот знак, подготвена да ѝ даде предност на вашата врска. Доколку сте сингл, нема да недостигаат среќни средби, фаворизирани и од подеднакво поволниот Меркур… Понатаму, почнувајќи од втората половина на месецот, Јупитер конечно ќе се врати да делува во ваша полза и ќе ви донесе убави изненадувања и задоволства!
Лав: нова енергија!
Мај ќе ви донесе голема сила и нова енергија: почнувајќи од 20-тиот ден, планетата Марс ќе го поддржи вашиот знак, подготвена да ви даде уште многу енергија! За жал, почнувајќи од 16-ти, планетата Јупитер ќе престане да ве фаворизира и ќе ви го сврти грбот: следните неколку месеци би можеле да ви донесат мали или поголеми проблеми особено на работното место… Сфатете ги како предизвици и ќе излезете победници!
Девица: среќен месец!
Мај ќе биде дефинитивно посреќен од април, почнувајќи од сентименталното поле: од 7-ми, планетата Венера конечно ќе се врати на ваша страна и во љубовта ќе можете да го пронајдете спокојството кое во последниот период ви недостигаше. Дури и на работа се ќе оди подобро благодарение на убавиот поволен Меркур и поддршката на планетата Јупитер која почнувајќи од 16-ти повторно ќе стане активна во ваша корист.
Вага: добри и лоши вести
Месец мај ќе ви донесе уште неколку љубовни болки: почнувајќи од 7-ми, всушност планетата Венера ќе престане да ве фаворизира и ќе ви го сврти грбот. Сепак, ќе можете да здивнете почнувајќи од 16-ти мај, кога конечно – по толку месеци – ќе заврши спротивставувањето на планетата Јупитер: ведрото небо ќе се отвори заедно со бројни можности на работа и конечно ќе можете да ги почувствувате резултатите и признанието што го заслужувате.
Скорпија: Јупитер во опозиција
Месец мај за жал не носи добри вести за вашиот знак кој почнувајќи од 16-ти ќе мора да го истрпи противењето на Јупитер. За вас ќе започне прилично комплициран период, особено од професионален аспект, во кој ќе треба да се соочите со уште неколку предизвици. Од друга страна, сферата на чувствата е среќна, со прекрасна Венера која ќе се врати да ви се насмевне и да ви подари љубов и страст веднаш по 7-ми мај.
Стрелец: се подобро!
Мај за вас се отвора со мал неповолен период во љубовта, но – за среќа – Венера повторно ќе ви се насмевнува почнувајќи од 7-ми мај. Така, одд втората недела во месецот, во љубовта ќе најдете спокојство, а кавгите и дискусиите од последниот период ќе бидат минато. Понатаму, почнувајќи од 20-ти, планетата Марс повторно ќе се активира во ваша корист, подготвен да ви даде позитивна нова енергија и желба да се вклучите во акција.
Јарец: одлично на работа!
Месец мај носи одлични вести на професионален план: конечно, по комплицирани месеци, планетата Јупитер повторно ќе биде активна во ваша корист, подготвена да ви донесе дефинитивно посреќна втора половина од 2023 година! Наградите што ги чекате конечно ќе пристигнат, финансиите ќе се подобрат, а исто така ќе добиете прекрасни вести! За жал, сепак, ќе мора да го поднесете противењето на планетата Венера, што ќе внесе конфликти во вашиот љубовен живот.
Водолија: стресен месец
Мај ќе биде дефинитивно напорен и стресен за вашиот знак: Јупитер ќе му се придружи на Меркур во неповолна положба почнувајќи од 16-ти мај. Проблеми ќе се појават пред се во работната средина која ќе ви донесе уште неколку грижи: би можеле да наидете на пречки или забавувања во напредувањето во кариерата. Понатаму, почнувајќи од 20-ти, планетата Марс ќе влезе во опозиција, со што – за жал – уште посилно ќе чувствувате стрес.
Риби: Одлично на секое поле!
Месец мај носи одлични вести за вашиот знак: планетата Венера, откако ви донесе љубовни маки минатиот месц, сега ќе се врати на ваша страна! И Јупитер ќе биде активен во ваша корист почнувајќи од 16-ти мај, подготвен да ви приреди – заедно со Меркур – дефинитивно среќна втора половина на мај и на професионален план. Ќе се фаворизираат состаноци и ќе процветаат нови работни можности.