Стрелец
Декември почнува со Сонцето во вашиот знак што додава блесок на вашиот живот. Доаѓаат нови можности и нови искуства, а ќе се чувствувате како да вртите нова страница во вашиот живот. Овој месец може да ви донесе значајна точка во вашиот живот особено околу 4 декември кога лунарната еклипса е во вашиот знак. Иако можеби ќе ви изгледа како работите да се надвор од вашата контрола, но сепак тоа е моќта на трансформативната енергија која носи значајни промени во вашето животно патување.
Лав
Вие сте особено креативен знак, кој постојано бара начини да се изрази себеси. Ова е месец кој започнува со присуството на Сонцето во вашата петта куќа на романса и креативност, така што време е да го отворите умот и да си дозволите да уживате во тоа што ви го носи животот, но овој пат во целост. Излезете од рамките кои самите си ги имате поставено и престанете да се потпирате на правилата. Светот е ваш!
Јарец
Ова е особено важен месец за родените во овој знак. Сонцето влегува во Јарец на 22 декември и ви помага да откриете каде ќе биде вашиот следен чекор. Можно е и да си поставувате некои тешки прашања, но сето тоа е важен дел од процесот на созревање. Венера почнува да се движи ретроградно во вашиот знак на 19 декември што ќе ви донесе вистина и ќе ги соголи вашите чувства. Ова е период на растење, созревање и едно ново поглавје во вашиот живот.