Цеца Ражнатовиќ веќе 20 години нема посетено само едно место во Белград за кое ја врзуваат болни спомени. Имено, пејачката на 15 јануари 2000 година го загуби сопругот Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој беше лишен во хотелот „Интерконтинентал“. Цеца во таа пригода беше во хотелот и својот ранет сопруг го префрли во болница, а сето тоа остави тешки последици врз неа.
Од тој ден, Цеца веќе никогаш не стапна во тој хотел! Едноставно, не можеше, бидејќи лоши сцени и се појавуваа пред очите. Дури кога и нејзините блиски пријатели организираа прослави во хотелот, таа никогаш не присуствуваше на нив, и сите ја разбираат без да се лутат“, открива извор за порталот „Србија данас“.
За мене тоа место е гро*от на Жељко. Човек никогаш не може да се помири со тоа, но јас морав да научам да живеам со сите ужаси што ми се случија“, објасни Цеца во една пригода.