МЕТЕО НАЈАВА: Кон државава се движи влажна и нестабилна воздушна маса – очекувајте врнежи и грмежи на повеќе места

ИЗВОРСкопје24
|

До крајот на денов ќе има повремен локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од западен правец, истиот повремено ќе засилува, особено во западните предели на државава. Температурите на воздухот и понатаму ќе бидат под просекот и ќе се движат во интервалот од 14 до 21 степен.

Во текот на утрешниот ден на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, локална појава на грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град, особено од пладневните часови па натаму. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Во Скопје и околината, особено од пладневните часови па натаму ќе растат условите за повремени врнежи од дожд а ќе има услови и за појава на грмежи. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 20 степени.

Повремен локален дожд и услови за појава на грмежи ќе има и во понеделник, додека во вторник атмосферата ќе биде постабилна. Температурите на воздухот и понатаму ќе бидат под просекот и на почетокот од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски