Врнежи од дожд ќе има локално на пониските места, а на некои места како Полог и Пелагонија снег. Врнежи од снег ќе има на планините и на местата над околу 500 метри надморска висина.
Температурата ќе биде во интервал од три до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно и ветровито, претпладне со повремен дожд. Ќе дува силен северен ветер. Температурата околу пет степени.
Утре ќе има преодна стабилизација со пониски утрински температури, а во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд. Од петок ќе биде стабилно, за време на викендот сончево и значително потопло.
Ако сте од оние кои уживаат во топлото време и сончевите денови, не се разочарувајте.
Веќе во недела чекајте максимални над 20 степени во Скопје и над 23 низ Македонија.
Најтопло ќе биде во среда кога се најавуваат 25 во Скопје и до 28 во јужните делови на земјата.
Целата наредна недела ќе биде исклучително топла и сончева.