Како што најавуваат метеоролозите времето денеска до крајот на денот ќе биде променливо облачно, а во текот на ноќта и утрешниот ден можни се услови на локално провејување на слаб снег и дожд.
За време на утрешниот ден, воедно и последен од оваа година можно е да дува и умерен на моменти и повремено засилен ветер од северен правец, па максималните дневни температури ќе се искачат во интервал од 0 до 10 степени во крајниот југоисточен дел од државава.
За време на новогодишната ноќ локално ќе има слаби врнежи од снег додека темперастурите на воздухот ќе се движат во интервалот од -5 до 1 степен.
Сибирски бран нашата држава ќе ја зафати од четврток кога температурите на воздухот ќе се спуштат дури до околу -15 степени, на планинските места и под -15 степени.