Метју Пери фотографиран како бездомник, фановите загрижени: Носеше кафе во раката, изгледа запоставено

ИЗВОРНов Лист
|

Актерот Метју Пери, кој на јавноста и е познат по улогата во серијата Пријатели, беше фотографиран пред неколку дена во Беверли Хилс.

Беше во друштво на бринета од која, судејќи по фотографиите, во последно време не се разделува. Тие беа снимени заедно за прв пат минатиот месец.

Метју беше облечен во широка маица и панталони. Многу негови обожаватели на социјалните мрежи пишуваат дека не го препознале веднаш.

Додека некои коментираат за тоа како актерот изгледа многу опуштено, други коментираат дека изгледа разбушавено и запоставено.