„Ми недостига синот на Северина, повеќе беше со нас отколку со неа“: Кеба проговори по разводот на синот и пејачката

ИЗВОРНов Лист
|

По долгиот медиумски молк за разводот на синот Игор од Северина Вучковиќ, Драган Којиќ Кеба конечно проговори и ја искоментира својата поранешна снаа, а во таа прилика откри дека нејзиниот син Александар многу му недостасува.

-Што се однесува до разводот на Игор и Северина, тој не дојде да го советувам кога се случуваше сето ова. Тие се возрасни луѓе и знаат што е најдобро за нив. Па, погледнете ја ситуацијата меѓу луѓето, денес сите се разведуваат. Секако дека ќе беше подобро да не го направеа тоа, но не мое да судам – ​​изјави Кеба, а потоа се осврна и на тоа колку му недостасува синот на Северина.

– Дефинитивно многу ми недостига. Многу време поминуваше со нас, често беше повеќе со нас отколку со Северина, бидејќи таа работеше. Треба да се навикнеме на тие промени.. Јас и Оља го обожаваме, повторно ни е внук. Александар ме нарече дедо, а сега едвај го гледаме – изјави Кеба.