Ми недостигаш: Ја преколнувам оваа држава што те натера да заминеш

ИЗВОРНов лист
|

Никогаш нема да ги заборавам солзите кога ти реши да си одиш од оваа држава. Си велев себеси дека морам да бидам силна и да не ти зборувам колку ќе ми недостасуваш. Ја почитував твојата одлука, знаев дека одиш на подобро место.

Тргна да ги исполниш своите соништа и да го оставиш своето минато позади себеси, а кога ми го соопшти тоа јас те прегрнав, чувствувајќи како губам дел од себе. Никогаш не ти го кажав тоа. Сакав да бидам тука за тебе, да ти бидам поддршката која ти е потреба.

Сега, после неколку години ми недостасуваат заедничките разговори, смеењето до солзи, нашите тајни. Нашиот живот сега се претвори во некаков однос кој се сведува на технологијата. Иако ми е тешко, горда сум на тоа што си денес. Посакувам да бев доволно храбра да заминев и јас.

Но, дел од мене како да замина со тебе. Се што сакам е да бидеш среќна.

Ти можеби никогаш нема да знаеш колку често се сеќавам на нашите детски и тинејџерски спомени. Како се трудев да те заштитам од светот како твоја постара сестра. Денес, сум прегорда на тебе.

Често, ја преколнувам оваа држава што ги тера најдобрите да заминат од неа. Но, среќна сум за тебе. Ти си мојата животна инспирација.