Утринава веста за ненадејното заминување на легендарниот водител, музичар и композитор Драган Вучиќ ја потресе македонската јавност. Неговите колети, македонските јавни личности преку своите профили на социјалните мрежи непрестано објавуваат последни зборови со кои го опишуваат и се збогуваат од него. Меѓу оние кои напишаа последно збогум за Вучиќ е и Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК, кој меѓу другото напиша и дека искомуницирал со Драган пред речиси една недела додека тој бил во болница.
Откако дознав за неговата состојба и дека е хоспитализиран минатиот вторник, без размислување му пишав СМС за поддршка и побрзо закрепнување. Ми врати едноставно во негов стил : ТИ СИ МИ ЕДНО ГОЛЕМО СРЦЕ ….. Епа денс тоа срце е многу тажно. Загубивме еден ГОЛЕМ ЧОВЕК пред се татко, дедо, музичар, шоумен, професионалец и дефинитивно еден од најхаризматичните ликови во нашата земја и естрадата. Ми беше чест што те познавав. Длабоко со*увство до фамилијата и блиските. До следно наше гледање пријателе… Легендите живеат вечно!
ПС – Оваа слика е направена пред точно една година ( 10ти мај ) кога гостував во неговото шоу и еве што сум напишал : Денес имав особена чест и задоволство да бидам гостин во емисијата на Драган “Возење со Вучиќ”. Жива легенда која трае повеќе од 25 години на македонскиот етер, и дефинитивно еден од најпрофесионалните и најхаризматично ликови со кој сум имал можност да соработувам во мојата досегашна кариера.
Секоја чест мајсторе…. Да си жив, здрав и ти посакувам уште многу успешни проекти. Симнувам капа господине, напишал тогаш Панчо за гостувањето во емисијата на Вучиќ.