Миа Колучи од „Млади бунтовници“ го очекува своето четврто дете – Изгледа подобро од кога било (ФОТО)

|

Канадскиот пејач и актер, Мајкл Бубле (46) и неговата сопруга аргетинската актерка Луисана Лопилато (34), која на македонската публика и е попозната како Миа Колучи од серијата „Млади бунтовници“, го очекуваат четвртото дете.

Среќната вест парот ја откри во новиот спот за песната „I’ll Never Not Love You“. Спотот, наводно е продолжение на неговиот прв спот за песната „Haven’t Met You Yet“ во кој заедно се појавуваат.

– ‘Haven’t Met You Yet’ беше прекрасен почеток на вистинска романса. Десет години подоцна приказната продолжува со извонредно продолжение за „I’ll Never Not Love You“ , напиша пејачот на Твитер.

Луисана на Инстаграм пак објави фоторафија на која трите деца и го бакнуваат стомакот, со натпис „Упс, го направивме тоа повторно“.

Мајкл и Луисана се во брак од 2011 година и веќе ги имаат синовите Ноа (8) и Елиас (6), како и тригодишната ќерка.