Џафери и Ахмети да одговорот што содржат документите кои ги добиле на УСБ и во плико уште лани по средбите со екс премиерот Груевски – опозицискиот лидер Мицкоски обвинува дека во два од вкупно три документи кои функционери на ДУИ ги добиле се крие сценариото за, како што вели, делувањето на оската СДСМ, Ахмети и Груевски.
Претходно Мицкоски, повикувајќи се на изјави на Ахмети, обвини дека на тајните средни со Груевски се договарале измените на Кривичниот законик со кои се намалија казните за злоупотреби на функционерите.
Од ДУИ пак, негираат дека биле дел од сценарија или заговори. Иако потврдуваат дека средби имало меѓу Ахмети, Груевски и Заев, велат дека тие биле за помирување за време на пржинските преговори.
– Ахмети со Груевски и Заев се среќавал на посебни средби за процесот на помирување за време на пржинските преговори и никогаш не се разговараше за Кривичниот законик од едноставен факт што тогаш немаше ниту СЈО ниту обвиненија. Единствените преговори за КЗ се водени со Мицкоски на лидерските средби во Клубот на пратеници по негова иницијатива и барање откако стана претседател на ВМРО ДПМНЕ.Ахмети и Џафери немаат примено никакво плико и УСБ, велат од ДУИ.
Владејачката партија пак наместо одговори на ваквите овинувања, преку партиско соопштение вели дека опозицијата се распраѓа поради внатрепартиско незадоволство.
– Расколот, внатрешните проблеми, со еден збор распадот на ДПМНЕ не е заради вредности туку заради суети и големо внатрешно незадоволство. Мицкоски да не ја меша СДСМ во меѓусебните пресметки и сам да си ги решава кавгите. Серијата препукувања, обвинувања и дворски игри во Белата палата покажуваат колку се длабоки внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ. Факт е дека Христијан Мицкоски е бледа копија на Никола Груевски. И неговата политика на блокада на европскиот пат е исто така само копија на оригиналот, велат од СДСМ.
Екс премиерот уште од средината на минатата година во неколку наврати демантира дека преговара аменстија со власта во замена за поддршка на уставните измени.