Мицкоски: Струјата од 1 јули ќе поскапи за повеќе од 10 проценти

ИЗВОРНов Лист
|

Христијан Мицкоски на прес-конференција денеска изјави дека покрај досегашните 30 проценти, од 1 јули граѓаните ќе плаќаат за повеќе од 10 отсто поскапа струја.

Причина за тоа вели дека е тоа што багерите на РЕК Битола не ископуваат јаглен поради поплава, цената на уличното осветлување и помалото производство на електрична енергија.

– Главната и суштинска работа зошто го споменувам уличното осветлување е вчера лиферуваниот податок дека општините преку уличното осветлување потрошиле 30 милиони денари, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа е 1,32 проценти од вкупно потрошената струја за 2021 година.

Според него, математички е невозможно струјата да поскапе 10 проценти ако само уделот на јавното осветлување е десетократно помал.