Познатата ТВ презентерка Татјана Стојановска неодамна проговори за својот љубовен живот. Таа во ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека веќе неколку години е во врска со Михаил, кој ја освоил со својот шарм и интелект.
„ Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис. Живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за „Бекстејџ“.
Татјана, која е поранешна сопруга на фолк-музичарот Благоја Грујовски, зборуваше и за својата 25 годишна телевизиска кариера, и за синот Матеј.
Татјана Стојановска од секогаш важи за едно од највпечатливите и најубавите ТВ-лица. Презентерката нејзината убавина ја истакна уште на млади години додека беше манекенка и ја освои титулата Мис на Македонија во 1992 година. Токму од тоа време е и оваа фотографија на која Стојановска има само 17 години.
„Мис Татјана-црномурно совршенство“, стои во насловот на тогашната ревија „Екран“.
Инаку, таа неодамна објави фотографија со својот син Матеј, кој има 21 година „Мојата гордост. Мојот син“, напиша Татјана која ретко објавува фотографии со синот, чиј татко е музичарот Благоја Грујовски.