|
Добропознатото лице на Канал 5, Милена Антовска Станковска веќе неколку години е во среќен брак со својот избраник Гордан.
Сега, по повод саемот за венчаници во овој викенд се одржува во хотелот Александар Палас, Милена како дел од моделите за потребите на една ревија повторно блесна во венчаница.
Облечена во раскошна венчаница која е креација на Нена Конели, Антовска изгледа прекрасно. Имено, таа носи бел невистински фустан со поширок долен дел кој одлично и прилега на нејзиното тело.
Милена за „женски магазин“ изјави дека кога се гледа во овој фустан повторно би сакала да се мажи.
“Во мај ќе прославиме три години брак. Гледајќи се во овој прекрасен фустан, добив желба за уште една свадба”, изјави водителката.