Миленикот на женската публика, турскиот актер Бариш Ардуч стана татко (ФОТО)

|

Турскиот актер Бариш Ардуч и неговата сопруга и колешка, актерката Гупсе Озај станаа родители за првпат.

Актерската двојка доби машко бебе го носи името Џан Асја Ардуч.

Убавата вест на својот Инстаграм ја сподели Бариш и тоа преку две фотографии, а едната тој го зема бебето од болницата, а на другата се гледа малото бебешко раче.

За потсетување, Бариш и Гупсе се венчаа во месец јули 2020 годинина, односно пред точно две години. Претходно беа во долгогодишна врска и живееја заедно.

Бариш македонската публика го занае како Омер од „Вљубениот ерген“.