Познатата српска пејачка и победничка на „Ѕвездите на Гранд“ откри детали за својот приватен живот кои многумина ги изненадија.
-Мајчинскиот инстинкт ми се појави и би сакала годинава да родам девојче. Децата не се нешто кое се планира туку така, а јас не сакам да застанам на едно дете, сакам повеќе. Не можам јас да испланирам кога да бидам бремена, се тоа треба да си оди со свој тек, спонтано и природно, јас само знам што сакам – откри Милица за српските медиуми.
„Свадба ќе има, а кога навистина не се оптеретувам. Не сакам да планирам ништо, па така ниту ова. Милош и јас сме во врска пет години и убаво ни е. Кога ќе сметаме дека треба да ја овековечиме врската тоа ќе се случи. Секако живееме заедно, а јас веќе имам чувство како да сме во брак – раскажува Тодоровиќ за „Пинк“.
Таа е победничка на вториот серијал на „Ѕвездите на Гранд“. Победи со само 14 години, како најмлада учесничка на натпреварувањето, а потоа стана една од најпопуларните пејачки на Ѕвездите на Гранд. Потоа постигна уште поголем успех со песната Моје злато, која ја издаде во лето во 2014 година во дуeл со MC Јанко, која на Јутјуб има 130 милиони прегледи, што ја става на првото место по прегледи во регионот, и воедно се смета дека оваа песна е пример за современо балканско лажирање односно пазарување/пумпање на бројот на прегледите, кој повремено и бил враќан на помала цифра. На Грандовиот фестивал во 2014 година освоила второ место со песната „Коначна одлука“.
Покрај пеењето, Милица се занимава и со глума. Ја играла главната улога во операта на Кустурица, Време Цигана, заедно со својот колега Стеван Анѓелковиќ. Операта премиерно е изведена во Франција, во Париз, во „Опера Бастиља”.