Милијана и Милојко пред малку ги завршија разговорите со телевизијата Пинк со кои преговараа за влез во реалното шоу Задруга.
Иако првобитната информација беше дека ќе влезат во Парови, Милијана и Милојко размислуваат која понуда им е подобра.
После разговорот кој го направија во телевизијата, парот седна на една клупа во паркот.
Милијана му седна в скут на Милојко, а почнаа и да разменуваат страсти.
Се почна спонтано, таа имаше околу 18 години а веќе почна да ми се додворува беше многу поопуштена од мене. Не ја доживував како идна девојка таа за мене беше дете. После тоа една продавачка во продавница ми кажа дека и се допаѓам на Милијана а јас на тоа велев лудо дете. После Милијана доаѓаше во таа птодавница па се сретнувавме, седевме заедно на клупа – рече Милојко на прашањето за тоа како започна оваа љубовна приказна.
Тој е многу добар и за своите години изгледа многу добро, на мене ми се допадна посебно дека е постар маж. Самата приказна со него е пријатна толку многу има од него да се научи, да ме советува. Комшиите веќе навикнаа на нас така да веќе не обрнуваат внимание на нас. Родителите исто така се најнормални, не се мешаат во мојот живот – вели Милијана иако нејзиниот татко се огласи дека не сака ни да слушне за овој старец.
Закажан е и датумот за свадба, парот ќе се венча на 7 септември.