Дека милионерите се посреќни од оние со просечни примања не е никаква новост. Но, причината поради која се всушност посреќни, е новост.
Имено, според најновите истражувања, милионерите се посреќни од оние со просечни примања поради начинот на кој го минуваат слободното време.
“Business Insider” пишува дека милионерите, за разлика од “просечните луѓе”, своето слободно време повеќе го трошат на активна работа, отколку на пасивни активности како, на пример, гледање на филмови, серии или лежење.
Истражувањето, објавено во “Social Psychological and Personality Science”, опфатило 800 милионери во Холандија кои се споредени со 1.200 граѓани кои имаат просечни примања.
Тие во текот на истражување споредувале како тие две групи го минуваат своето слободно време и времето на работа, но и во секојдневните активности како готвење, исхрана, патување до работа, релаксирање, волонтирање, хобија, па во предвид го земале и нивното задоволство од животот.
Се воспоставило дека имало помалку варијации од тоа што очекувале. Истражувањето покажало дека двете групи минувале исто време во готвење и купување. Милионерите трошеле помалку време во грижа за децата, но од друга страна трошеле повеќе време на домашните обврски. Меѓутоа, во една работа многу се разликувале.
Богаташите, се покажало, своето слободно време го трошеле многу активно, додека оние со просечни примања слободното време го минувале пасивно, гледајќи филм, серија или во спиење.
Уште една работа е различна, а тоа е автономијата на работа. Имено, милионерите уживале во многу поголема автономија на работното место отколку луѓето со просечни примања.
Истражувачите според тоа заклучиле дека луѓето со поголеми приходи повеќе гравитираат во активното минување во времето, но и во работната автономија.