Убавата пејачка и докторка Симона Поповска, минатата година го кажа судбоносното ДА и му стана сопруга на Крис Поповски.
Симона во својата музичка кариера веќе извесно време работи со проверени соработници, особено со модниот дизајнер Златко Јовановски и стилистот Бобан Тодоровски.
Тие се тука за неа кога и требаат за фотосесии, спотови, интервјуа, но и таа е тука за нив кога им треба.
Па така вчеравечер во еден скопски хотел се одржа модна ревија на Јовановски, а на пистата главната улога ја имаше токму Симона.
Пејачката се појави во впечатлива венчаница во принцеза крој, волуменозна и со огромен шлеп, а како највпечатлив детаљ беше круната на нејзината глава.
Иако минатата година Симона проба како е да се носи венчаница, сега таа повторно се најде во ваква улога. Совршена е!