Минатата недела 197 непрописно паркирани возила во Центар

ИЗВОРНов Лист
|

Вкупно 197 непрописно паркирани возила минатата недела го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Возачите се санкционирани од страна на ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје.

Од 9 до 15 ноември, со помош на специјалните возила „Пајак” отстранети се 114 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор” санкционирани се 83 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ.

Граѓаните треба да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар, апелираат од ЈП ПОЦ и Општина Центар до граѓаните.