Мини КРОФНИ од 3 состојки – ќе сакате да ги правите секој ден

|

Овие крофни буквално се топат во устата и лесно се подготвуваат.
Крофните ги обожаваат сите, а овој едноставен рецепт ќе ви заштеди многу време кое инаку би го потрошиле стоејќи покрај шпоретот.

Состојки:
– 150 гр меко брашно
– 1,5 лажички прашок за пециво
– 200 до 220 мл јогурт
Подготовка:
Комбинирајте ги сите состојки и ставете ја смесата во кесичка за замрзнување на која претходно сте и исекле еден врв. Загрејте го маслото во длабок сад и исцедете го тестото во форми по желба. Пржете додека крофните не добијат златна боја, а потоа извадете ги од маслото и оставете ги на хартиена крпа што ќе го собере вишокот масло.
Послужете ги попрскани со шеќер во прав или премачкани со чоколадо.