Министерот Бектеши не знае што изјавил владиниот советник Виктор Андонов. Цел ден бил во Собрание и не ја следел пресконференцијата во владата.
ЈАС НЕ СУМ ЈА СЛЕДЕЛ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА Г-ДИНОТ АНДОНОВ. ПРВО И ОСНОВНО ТОЈ НЕ Е МОЈ СОВЕТНИК, ТОЈ Е СОВЕТНИК НА ВЛАДАТА. ЈАС КАКО МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА ИМАМ МОИ СОВЕТНИЦИ, И ОДЛУКИТЕ КОИ ГИ НОСИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА СЕ НОСАТ ВО КОНСУЛТАЦИЈА СО МОИТЕ СОВЕТНИЦИ. ШТО КАЖАЛ НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА, НЕ МОЖАМ ДА КАЖАМ СЕГА БИДЕЈЌИ НЕ ЈА СЛЕДЕВ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА, РЕЧЕ БЕКТЕШИ.
Тврди дека тој како министер нема обврска да се координира со советници во владата.
ЈАС КОГА КАЖУВАМ НЕКОИ РАБОТИ НЕ ТРЕБА СО НИКОГО ДА СЕ КООРДИНИРАМ, КАКО МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА, ЗАТОА ШТО ЈАС ГИ КАЖУВАМ ТАКВИ КАКВИ ШТО СЕ РАБОТИТЕ. ОТВОРЕНО, ТРАНСПАРЕНТНО, И ВЛАДАТА ТОА ГО ПРАВИ. ЈАС СЕ КОНСУЛТИРАМ САМО СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА, Г-ДИНОТ КОВАЧЕВСКИ. ЗБОРУВАМЕ ЗА КОНСУЛТИРАЊЕ ПРЕД ДА ДАДЕШ НЕКАКВА ИЗЈАВА. НЕ ЗНАМ ШТО КАЖАЛ Г-ДИНОТ АНДОНОВ. ЦИТИРАЊЕ И ДА ГО СЛУШАШ САМИОТ ШТО КАЖАЛ НЕ Е ИСТО, ВЕЛИ БЕКТЕШИ ВО ТОП ТЕМА.
Министерот посочи дека во државата има прогласено кризна состојба поради недостатокот на електрична и топлинска енергија, и според тоа на сила стапуваат други механизми, различни од тоа како се работи во нормални услови.