|
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција откри дека предложување на нови рестриктивни мерки не е во план.
– Ова е нов сој, се уште се испитува, па нема потреба да правиме нови рестрикации – кажа Филипче, додавајќи дека остануваат мерките за кои се смета дека се добро димензионирани, како и дека се следи ситуацијата.
Исто така истакна дека на утрешната седница на Владата ќе се дискутира мерката за финансиската стимулација за матичните лекари, со која тие ќе добијат по 30 денари од пациент, ако ги убедат 70 посто од нивните пациенти да се им*низираат.