Министерот Лога стави потпис: Се менуваат изводите од матичните книги, новите ќе имаат графа за етничка припадност

|

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.

Од Министерството за правда информираат дека ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Службен весник за изводите на родените.

За другите изводи, како што се наведува во соопштението, поради финансиски импликации Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година.