Министерот Николовски на скопскиот маратон: Истрчав 21 км за 1 ч и 47 мин, а громогласните аплаузи ми го направија денот поубав

|

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска трчаше на Скопски маратон и се пофали на солиден резултат.

– Со истрчани 21 километар за 1час и 47 минути финиширав на денешниот маратон #WizzAirSkopski Maraton. Пријателска, натпреварувачка и позитивна атмосфера, а поддршката од громогласните навивачи допринесоа денот да биде уште поубав. Честитики до сите учесници и одличната организација, напиша Николовски.