„Не водиме евиденција колку има масло во земјава“, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски на денешната прес-конференција.
-Ние сме задолжени за политиките кои се однесуваат во делот на производството на земјоделските производи. Ние сме насочени кон производство на храна дома. Треба да престанат лажните вести. Оваа криза ги погодува сите земјоделци. Доста со омраза и поделби. Ова е време кај што треба да се помогне . Државата се грижи да има доволно леб, брашно, јајца, масло, дополнува тој.
Како што кажа Николовски, се очекува Србија да ја крене рампата за Македонија.
„Ние сме во постојана комуникација со Србија, наша единствена цел е тргање на забрана на сите компании од Србија за сите склучени договори.
Николовски потенцира дека се работи на тоа да се зголеми домашното производство и да се креираат мерки во тој правец.
„Не треба да има паника кај граѓаните, храна доволно ке има и треба сите одговорно да се однесуваме, верувам дека со макотрпната работа ке обезбедиме се она што е потребно за граѓаните, потенцира Николовски.
Министерот за земјоделство дополнува дека се прави се земјоделците да ги искористат мерките кои што ги нуди владата, за земјишта, зелена нафта, како и дополнителна субвенција од 100 евра.