Министерот Шаќири: Се разгледуваат неколку можности за покачување на платите на наставниците

|

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири кажа оти е отворен за комуникација со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за нивното барање за покачување на платите на наставниците, порачувајќи дека нема придобивки од одржување штрајк.

„Јас претходната недела имав состанок со претседателот и двајца претставници на СОНК, а крајот на неделата ќе реализирам уште еден состанок на кој ќе присуствуваат и претставници од Министерството за финансии. Отворени сме за комуникација и во најбрзо време ќе дадеме одговор за овој многу важен процес“, најави Шаќири во однос на барањето за повисока плата на наставниците, по покачувањето на минималната.

Тој напомена дека се разгледуваат неколку можности во однос на процесот за покачување на платитe, a потсети и дека е во собраниска процедура Законот за наставници во кој е вклучено и покачувањето на платата.

„Ќе бидеме отворени, мислам дека во најбрзо време, до март имаме оставено период кога ќе дадеме одговор за овој многу важен процес“, додаде министерот за образование.

Во однос на најавите за штрајк доколку не се исполни барањето за покачување на платите, министерот смета дека од штрајк немаме придобивка и затоа, како што рече, инсистира на директна комуникација со СОНК за да не дојде до штрајк.

Извор: 360 степени