Министерот Спасовски упати важна порака до демонстрантите

ИЗВОРНов Лист
|

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, упати важна порака до демонстрантите. Министерот смета дека мирниот протест е демокртаско право, а највисока демокртаска оценка може да добие една држава, која го почитува ова право.

Апелирам до сите граѓани кои сакаат да изразат незадоволство преку протест, да покажат демократски капацитет, заеднички да го сочуваме достоинството на нацијата, а посебен апел до политичките субјекти во државата на одговорен однос, бидејќи тие се задолжени да бидат и најодговорни.

Повикувам на свесност и одговорност на протестите, бидејќи нас илството и нетрпеливоста со ништо не можат да се оправдаат и не го претставуваат вистинското лице на европска Република Македонија, земја членка на НАТО.

Сите заедно треба да придонесеме кон заедничкиот мир, кон заедничката безбедност и стабилност, да спречиме немири кои би значеле нови поделби на штета на граѓаните и државата.
Почитувани граѓани, искажете го својот став мирно и достоинствено, така како што доликува на една демократија, изјави министерот Спасовски.