Министерот Тевдовски е навистина богат човек

ИЗВОРСкопје24
|

Министерот Тевдовски е навистина богат човек. Негово големо богатство е неговата фамилија. Чест е да си маж во вакво убаво дрштво од четири жени. Со сопругата Анита отсекогаш сакале три деца. Министерот за финансии Драган Тевдовски е татко на три прекрасни ќерки, Каја (6), Ема (3) и Сара (1). И покрај секојдневните обврски и набиената агенда, за нив секогаш има време. Тој ги носи во школо и градинка, а кога ќе се врати од работа, целото време го посветува на семејството.

Инаку министерот Драган Тевдовски (21 јануари 1979 во Скопје) — македонски економист, универзитетски професор и министер за финансии во македонската влада од 2017. Средно училиште завршил во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а своевремено настапувал за младинската школа на ФК Вардар и за кадетската репрезентација на Македонија. Магистрирал статистичка анализа на економскиот факултет при универзитетот во Белград во 2006 година со просек 10, а во 2010 станал доктор по економски науки на економскиот факултет во Скопје. На универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се вработил во 2002 година како асистент, а од 2015 работи како вонреден професор на катедрата за математика и статистика. Тевдовски е автор на два универзитетски учебници и на околу 45 научни трудови објавени во престижни научни списанија.