Министерство за финансии – Царинска управа вработува 52 службеници

ИЗВОРНов Лист
|

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 328/2022
за вработување на 20 државни службеници од група I, подгрупа I во Министерство за финансии – Царинска управа за следните работни места

1. ЦАР0101В04002 Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје, Отсек за патнички промет во царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје, Царинарница Скопје(20) извршител(и)
Општи услови
– да е државјанин на Република Македонија, – активно да го користи македонскиот јазик, – да е полнолетен, – да има општа здравствена способност за работното место, – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
– Вишо или средно образование – без работно искуство
Општи работни компетенции
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој – комуникација – остварување резултати
– работење со други/тимска работа – стратешка свест
– ориентираност кон странките/засегнати страни и – финансиско управување

Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Дополнителни услови
– потврда/сертификат за канцелариско и архивско работење
Распоред на работно време
– Работни денови понеделник – недела
– Работни часови неделно 40
– Работно време од 00:00 до 00:00
– Опис за работното време работни часови неделно по 12 часа дневно, во циклус 12-24-12-48.

Целиот оглас можете да го погледнете со клик ТУКА.