Министерството за економија, под чија надлежност се дејностите како трговијата, угостителството, занаетчиството и туризмот како дејности, треба да ги испрати на разгледување во Владата своите предлози за законското решение кое се подготвува за регулирање на недела како неработен ден.
Законското решение кое го подготвува Министерството за труд и социјална политика, веќе направена е анализа, од која може да се заклучи дека е извесно дека само трговијата на големо нема да работи во последниот ден од седмицата, Крешник Бектеши, министерот за економија, рече на вчерашната прес-конференција.
Бектеши меѓудругото рече „Анализиравме како тоа ќе се одрази на Законот за трговија и тоа значи дека кај трговијата на мало нема да има промени и тие ќе работат в недела, додека кај трговијата на големо ќе има промени за кои дополнително ќе отвориме дебата со коморите“.
Претходно министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ја испрати до другите ресори драфт-верзијата на разгледување и од таму за седум дена треба да достават мислења за измените на Законот за работни односи.
Министерката рече дека со сигурност во недела ќе работат само оние дејности кои имаат витални секојдневни функции како здравство, полиција, противпожарните служби, комуналните служби кои се под ингеренции на општините и други.