Минусни температури на Попова Шапка и Лазарополе – Еве какво време не очекува деновиве

ИЗВОРНов Лист
|

Наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на попладнето облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Утрово на Попова Шапка и во Лазарополе е измерена најниска температура од -1 степен. Следат Берово со 0 степени, 1 Маврови Анови, Крива Паланка, 2 Крушево, 3 Штип, Битола, Претор, 4 Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар, 5 Демир Капија, 6 Тетово, 8 Куманово, 9 Скопје-Петровец, Дојран, 10 Скопје-Зајчев Рид, 11 Гевгелија.

Утре наутро студено, преку денот променливо облачно со услови за појава на краткотраен локален дожд. Во текот на попладнето облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умeрен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облалност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во следните денови утрата ќе бидат студени, а од сабота дневната температура ќе биде во значителен пораст. Утре ќе има услови за слаб локален дожд.