Минусни температури ја погодија Македонија – Многумина утрово не можеа да го отклучат автомобилот, но со овој трик вратата ќе ја одмрзнете веднаш!

|

Минусни температури ја погодија Македонија – Многумина утрово не можеа да го отклучат автомобилот, но со овој генијален трик вратата ќе ја одмрзнете веднаш!

Она што најмногу ве нервира кога ќе одите на работа наутро сигурно е чистењето на автомобилот и отклучувањето на вратата.

Ниските температури за време на зимата често доведуваат до замрзнување на бравата на автомобилите. Иако никогаш до сега тоа не ви се случило, никогаш не може да знаете дека нема да дојде до тоа, затоа подгответе го алатот потребен за одмрзнување на бравата.

Некогаш замрзната е само бравата, меѓутоа не е реткост комплетно целата врата да се заледи така што и кога ќе успеете да ја отклучите вравата, можеби нема да сте во можност да ја отворите вратата.

Доколку не можете да ја отворите вратата на возачот, тогаш пробајте да ги отворите другите останати врати или гепекот. Ако успеете во тоа, вклучете го автомобилот и загрејте го моторот.

Во случај да се замрзнати сите врати, пробајте со да дувате со фен директно вперен во бравата. (секако доколку сте во можност да донесете продолжен кабел до автомобилот).

Една од многу успешните и едноставни методи е со загревање на клучот со запалка. Лесно вртете со загреаниот клуч и повторувајте го процесот неколку пати.

Некои имаат успех и со зламка која ја вртат спрема бравата и директно дуваат во неа. Топлината на вапиот здив би требало да ја одлепи бравата многу брзо.

Подготви: Наталија Јосифоска