Мирољуб вози низ Америка на -53: Ветрот се заканува да го преврти камионот, а една единствена работа му го спасува животот (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Делови од САД до крајот на неделава ќе ги зафатат многу ниски температури кои ќе се спуштат и до -53 степени.

Жителите на Чикаго, третиот по големина град во земјата, таканаречен и Ветровит град, се разбудија со поглед на блокови мраз на каналите и кај езерото Мичиген.

Ситуацијата во Чикаго ја опишува Мирољуб Ѓорѓевиќ, по потекло од Косјерич, кој веќе неколку години живее и работи како возач на камион во Ветровитиот град.

Денеска во Чикаго беше минус 28 степени целзиусови, но субјективното чувство е како да има -44 степени. Ова е ненормално. Луѓето воопшто не излегуваат надвор. Градот е речиси пуст. Ние од Србија не сме виделе ваква зима. Само скандинавците можеби знаат како изгледа сува зима. Ни сто метри не може да се поминат надвор без заштита. Мораат маски да се носат затоа што мразот се заканува со замрзнување“, вели Мирољуб.

Како изгледа де се вози камион кога има снежна олуја?

„Најважно е камионот да не се гаси. Кој не стави адитиви во резервоарот, него нафтата му се замрзнала и може да чека пролет за повторно да го запали. Ако камионот се изгасне, постои закана од замрзнување и на акомулаторот. Можат и кочниците да се замрзнат. Одев недавно и до Канада на тури од преку 1.000 километри. Ударите на ветрот се толку силни што се закануваат дека можат да го превртат и целиот камион. Полицијата го затвора автопаот и нема возење додека не се исчисти снегот. Турите обично траат по пет дена, сега траат и по десетина дена. Залихите на храна и вода се неопходни во камионот“, вели Мирољуб.

Како што се наведува, студениот ветер може да предизвика замрзнување на кожата изложена на студот само 10 минути. Од студеното време, кое се спушта од арктичкоит круг и оди накај источната обала на САД, 12 луѓе веќе го загубија животот.