Мислевме дека го знаеме полот, но пристигна изненадување – Ријана се породи

ИЗВОРНов Лист
|

На социјалната мрежа Фејсбук се појави информација дека познатата пејачка Ријана родила момче.

Оваа информација ја пренесе лице кое наводно работи во болницата каде се породила познатата пејачка.

Ријана и Асап Роки јавно потврдија дека е бремена во јануари, откако веќе можеше да и се види трудничкиот стомак.

Ријана изјави дека веќе била во третото тромесечие кога во март дала интервју за познат магазин. Тогаш се слушаа шпекулации дека пејачката ќе се породи во мај.

Набргу откако се појави информацијата дека пејачката пристигнала во болница, било пријавено дека породувањето е завршено и дека пејачката родила момче. Медиумите претходно пишуваа дека Ријана чека девојче, бидејќи е фотографирана како купува розова облека за бебиња.

По тој повод, неименуван вработен во болницата објави на Фејсбук:

– Таа доби момче.