Мистериозен летечки објект падна во Загреб – пронајдени се два падобрани

|

Околу 23 часот силен пад на летечки објект одекна во близина на студентскиот дом во Загреб. Според првите информации од очевидци се претпоставува дека паднал во ен авион.

Како што јавуваат медиумите во Хрватска, полицијата и пожарникарите излегле на лице место и веднаш го оградиле просторот околу големата дупка во асфалтот.

Според непотврдените изјави на очевидци, но и видео материјали, на местото каде што се случил падот се гледаат делови од авионот или некој тип на авион или дрон, пишуваат медиумите од соседството.

Според првите официјални информации до кои дошол репортерот на Дневник.хр, се чини дека на местото на падот бил пронајден дел од моторот на авионот, кој направил кратер со дијаметар од околу три метри и длабочина од еден метар.

Во текот на ноќта пожарникарите се обиделе да отстранат уште еден предмет со падобран кој се заглавил на блиското дрво. Се уште не се знае што е предметот, јавуваат хрватските медиуми.

На десетина минути пред полноќ на местото на нападот пристигнала вое ната полиција. Вое ните и цивилните агенции за воздушен сообраќај велат дека не изгубиле ниту еден авион, додека медиумите наведуваат дека пронајдените делови околу студентскиот дом дефинитивно биле од авион.

Сведоци на инцидентот тврдат дека нешто паднало од небото, а тоа го потврдија и од полицијата, која потврди дека пронашла два падобрани.