Мистериозна смрт: Потпретседателка на голема руска банка паднала од прозорец

|

Извршниот директор и потпретседател на руската Локо-банка, Кристина Бајкова (28) почина откако наводно паднала од прозорецот на стан на единаесеттиот кат на булеварот Ходински во центарот на Москва. Иако несреќата се случила на 23 јуни, медиумите дознале за неа и известуваат дури денеска.

Во станот била со извесен Андреј (34), кој тврди дека Кристина го контактирала барајќи да дојде на пијачка пред несреќата. Покрената е истрага за нејзината смрт.