Млада девојка тешко повредена, со автомобил излетала од пат во кочанско

|

На 26.07.2023 во 15.37 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат Кочани-Штип, кај с.Тркање, кочанско, патничко возило ,,форд фокус“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Т.(21) од с.Облешево, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Т., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.