Млада жена пријавена за исчезната… Маж повреден при работа заврши во болница

|

Вчера попладне во 15.30 часот во Полициската станица Драчево, 78-годишниот И.Д. од село Студеничани, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила 27-годишна Н.Ф. од село Студеничани, извести МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во Полициската станица Кисела Вода, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 34-годишниот С.С. од село Горно Соње, скопско, извести МВР.

– Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на објект во изградба во с.Горно Соње, велат од МВР.

Бил извршен увид.