Милијана Богдановиќ во моментов е една од најпознатите девојки во Србија. Таа има 21 година и ќе се мажи за пензионер кој има 74 години. Таа вели дека физички ја привлекува и дека во кревет е како млад човек. Љубов водат секој ден, а Милојко има и пензија од околу 25.000 денари.
Српските медиуми веќе со деновиве се занимаваат со Милијана и Милојкo, а двојката гостуваше и во реалното шоу Парови. Српскиот Курир пишува дека ова на Милијана не и е прва врска со постар маж. Имено, таа самата признала дека не и се допаѓаат млади луѓе, а првата врска со постар господин ја имала кога имала само 15 години.
„Милојко не е првиот постар човек во мојот живот, но е последен. Кога имав 15 години, бев со еден човек постар од мене 35 години од моето село. Тој Имаше семејство, јас бев негова љубовница “, рече Милијана.
Инаку, и сестрата на Милијана, Оливера, за медиумите изјави дека Милијана е со Милојко не заради пари, туку дека навистина го сака. Таа потврди дека отсекогаш ја привлекувале постари мажи, а тоа може да се види и од социјалните мрежи каде Милијана редовно објавува фотографии на кои е во друштво со постари.
Веста дека свадбата веќе е закажана и дека планираат да влезат во „Парови“, најмногу го потресе нејзиниот татко, Зоран.
Контроверзниот пар деновиве гостуваше во српското реално шоу „Парови“, но се уште не е познато дали ја прифатија понудата да се натпреваруваат во него.