Многу љубов на едно место: Гоце Тодоровски ужива во празниците со сопругата и ќерката (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Актерот Гоце Тодоровски се пензионираше, тој во април минатата година ја одиграл последната претстава и беш испратен со громогласен аплауз од публиката и колегите од Драмски театар. И покрај тоа нашиот маестрален актер сеуште активно игра во Драмскиот театар и синхронизира ТВ-серии, но по пензионирањето се повеќе време минува со семејството кое не сака многу јавно да го покажува.

За време на овие прекрасни празнични денови кои се посветени токму на семејството, Гоце Тодоровски на социјалните мрежи спореди една топла семејна фотографија на која позира заедно со својата сопруга Тања и ќерката Сашенка. Покрај ќерката актерот има и уште еден син, кој исто така не сака да се прикажува во јавноста.

Познатиот актер е роден во Кичево и веднаш по вработувањето во Драмски театар во Скопје стана еден од најпознатите комичари кај нас. Учествуваше во голем број на ТВ и радио сатирични емисии и серии. Глумеше во повеќе филмови, но најзапаметен ќе остане по улогите во Македонски народни приказни, каде ги имаше водечките улоги од 1986 до 2012 година.