Приоритет на Владата на Малта е да ги заштити работните места на своите државјани и сите странци кои ќе добијат отказ или останат без работа, ќе бидат депопртирани, најави министерот за економија Силвио Шембри, пренесува МИА.
Тој додаде дека во тек се разговори со Министерството за внатрешни работи сите странци да ја напуштат Малта ако го изгубат работното место.
Шембри истакна и дека економијата на Малта нема веднаш да заздрави.
Како што напомена и министерот Никола Димитров, македонските граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немате начин како да се вратите дома, во татковината. Се обидуваме да најдеме правилен начин да ви помогнеме да се вратите.