Многу мажи се откажуваат од неа: Убавата актерка објаснила зошто е сингл веќе 10 години

ИЗВОРСкопје24
|

Шарлиз Терон веќе некое време е во потрага по емотивен партнер, но истакнува дека нема заинтересирани.

43-годишната актерка зборувала за својот приватен живот во емисијата “Entertainment Tonight”, а во разговорот помеѓу останатото истакнала и дека воопшто не ѝ е лесно да најде некој со кого барем би излегла на состанок.

“Веќе 10 години сум сингл. Изненадувачки сум слободна”, изјавила убавата актерка. Ова не е првпат Шарлиз отворено да зборува за тоа. Таа е изненадена дека мажите и понатаму на некој начин се откажуваат од неа, а смета дека тоа е поради фактот што е силна жена во една машка индустрија и никогаш не се плашела да го искаже својот став.

“Не знам мажите ни како воопшто одговараат на моите прашања. Многу ги плашам”, потврдила актерката во едно интервју. “Сепак треба да имате храброст да седнете пред мене”, изјавила таа низ смеа.

Последната врска на добитничката на Оскар ѝ беше со Шон Пен, а претходно се забавуваше со уште еден актер, Стјуарт Таундсенд. Терон ја поврзуваа и со Бред Пит, но таа ги негираше ваквите наводи.

Шармантната актерка е мајка на две деца, 7-годишниот Џексон и 3-годишната Август.

“Ги обожувам моите деца, никој не може да ме насмее како нив. Тие ми го променија животот, но понекогаш ми доаѓа да излезам од сопствената кожа. Среќа што мојата мајка живее на истата улица како мене и е секогаш спремна да “скокне” напомош кога тоа е потребно”, истакнува Терон.