Овен (21.03 – 20.04)
Можете да очекувате многу поволен ден доколку сте планирале некоја деловна презентација. Ќе бидете одлично сфатени. Односот со саканото лице е многу променлив, направете нешто.
Бик (21.04 – 21.05)
Доколку сте планирале да започнете да се занимавате со работа поврзана за недвижнини, денешниот ден е поволен за тоа. Не сте сосема сигурни што чувствувате за партнерот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Пред вас е многу позитивен ден на деловен план. Денес ќе обавите многу корисни работи. Во љубовта уживајте во романтичната атмосфера со саканото лице. Вашата врска е квалитетна.
Рак (22.06 – 22.07)
Често брзоплето ги донесувате одлуките, но брзината на развојот на настаните како да му одговара на вашиот бурен темперамент. Ви се советува одмор и пасивно комуницирање. Ќе сакате да бидете сами.
Лав (23.07 – 22.08)
Денес морате да бидете внимателни и мудри. Во спротивно, можете да направите сериозна грешка. Време е со партнерот да ги прекинете сите кавги.
Девица (23.08 – 22.09)
Имате чувство дека сте подобри од другите и дека ви претстои голем успех. Самодовербата ќе ви помогне на многу начини. Во љубовта сте во заблуда, а поради тоа погрешно го толкувате однесувањето на партнерот.
Вага (23.09 – 22.10)
Можно е да немате доволно доверба во својот деловен партнер и тоа ќе ви создава голема кочница на полето на работата. Во љубовта можете да сметате на подобрување на односите со саканото лице.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денешниов ден ќе го поминете на вообичаен начин. Ќе бидете опуштени и смирени и во очекување на некои промени кои ви се ветени во изминатиот период. Денес е можен и помал прилив од некоја хонорарна работа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Имате многу креативни идеи и можете да очекувате поволен деловен ден. Можна е помош од страна на еден Овен. Вашиот социјален живот е многу богат, вие на вашите пријатели сте им омилена личност.
Јарец (22.12 – 20.01)
Сакате да имате подобра деловна позиција, но не знаете на кој начин да го постигнете тоа. Побарајте совет. Во љубовта ситуацијата е неповолна, партнерот се сомнева во вас.
Водолија (21.01 – 19.02)
Финансиската ситуација ви е добра и денес можете да очекувате помал финансиски прилив. Ако сте вработени во некоја фирма, можно е да ви биде вратена некоја стара работа која била дадена на некој друг, но тој не можел да ја заврши.
Риби (20.02 – 20.03)
Вашата креативност доаѓа до израз и можете да очекувате дека тоа на некој начин ќе ви се исплати денес. Во љубовта ве очекува интересно познанство. Ќе бидете во контакт со повеќе лица.