Многу предизвици за Овните, Биковите ќе ја сретнат новата љубов – Зимски љубовен хороскоп

ИЗВОРСкопје24
|

Започна новата година, имаме нови планови и желби, но хороскопот ни носи нови возбудувања.

Што ги очекува хороскопските знаци во љубовта, оваа зима?

Овен


Родените во овој знак ќе уживаат во пријатни моменти, излегувања и флерт. Ако во вашето окружување се наоѓа личност која упорно пробува да ви се приближи, дајте и шанса. Можеби неочекувано, но ќе утврдите дека добро сте постапиле. Особено доколку станува збор за личност која е помлада од вас.

Зафатените Овни ќе имаат период полн со предизвици, кога од една страна ќе бидат притиснати од посесивноста и љубомората на партнерот, а од друга пак со желбата да навлезат во тајна врска. Аферите не се добра идеја и потрудете се да ги избегнете.

Бик


Периодот кој доаѓа е навистина интересен за Биковите. Во текот на зимата, тие ќе запознаат многу интересни личности и нема да знаат што да одлучат. Во тој случај, важно е да се опуштат и да ја послушаат интуицијата, која ќе им каже што е најдобро за нив. Особено внимание обрнете на работата, бидејќи таму е една личност на која и се допаѓате, а која е многу воздржана, па дајте и шанса.

Зафатените Бикови ќе имаат љубоморни сцени и многу тензија со саканата личност. Сепак, треба да се запрашаат колку таквата љубомора е оправдана.

Близнаци


За слободните преставници на овој знак, зимата ќе биде период на заљубување. Конечно некои работи ќе почнат да се менуваат и со тоа ќе бидете многу задоволни. Лесно преку пријателите ќе запознавате интересни личности кои ќе ги освојуваат вашите симпатии. Подготвени сте за сериозна врска, и сакате да се смирите, така што ќе бидете мотивирани да се посветите на љубовта. Сепак, внимавајте тоа да не биде зафатена личност, бидејќи таквата приказна нема да има среќен крај.

На истото треба да обрнат внимание и зафатените Близнаци, бидејќи таквата афера може да го промени односот со партнерот. Некои од зафатените Близнаци ќе посакаат врската да отиде на едно повисоко ниво и ќе размислуваат за брак. Бидете отворени и храбри.

Рак


Раковите кои се во врска или брак ги очекуваат многу проблеми и предизвици, но и нерешени прашања кои долго време биле под тепих. Не е лесно да си признаете себеси некои работи, но тоа мора да се реши, па сега е идеалниот момент. Може да дојде до прекин на некои врски, но и ако се случи тоа, треба да останете смирени и да сфатите дека тоа е најдобро за вас. Врските кои имаат иднина, ќе минат низ предизвици, но сепак ќе останат силни.

Слободните Ракови ги очекува интересен период со многу додворувачи. Дали само ќе се забавувате или до вас ќе ја задржите вистинската личност, тоа останува на вас. Секако, уживајте во љубовната зима.

Лав


Оваа зима носи многу предизвици за Лавовите кои се во врска. Незадоволството со врската и партнерот ќе биде очигледно, но на вас останува да ги смирите страстите и рационално да пристапите на работите. Нема потреба за кавги и расправии, ниту пак за инает. Размислете за тоа што точно ви пречи кај партнерот, што можете да направите во однос на тоа и што треба да цените. Ставете ги работите на вага и размислете што можете да направите и промените.

Слободните Лавови ќе уживаат во слободните врски, флерт и забава и нема да сакаат да се смират. Искористете го овој период за уживање.

Девица


Девиците кои се во врска или брак пред себе имаат добар период, кога станува збор за односот со партнерот. Доколку до сега ве мачеа некои работи, сега е момент да се опуштите и да се препуштите на љубовта. ако во некои моменти ќе имате различни размислувања, не го сметајте тоа за проблем. Движете се заедно кон заедничката цел.

Слободните Девици ќе имаат можност да влезат во сериозна врска, само прашање е кого ќе одберат. Тоа може да биде преку работа, каде постои личност на која и се допаѓате и која би сакала да ви се приближи.

Вага


Зафатените Ваги ќе имаат напорна зима кога станува збор за љубовта. Очигледно е дека некои работи не одат, но без претерана причина. Просто, комуникацијата не ви е на завидно ниво, и постојат доста недоразбирања кои морате да ги надминете. Малку ќе биде за кавга, но трудете се да на се расправате без причина. Стиснете заби и потрудете се да го пребродите овој тежок период.

Слободните Ваги иако сакаат некој покрај себе и сакаат да остварат некаков сериозен однос, тоа нема да им оди од рака. Не треба да очајувајте, туку да го искористите своето слободно време за уживање и да се посветите на себе. Тогаш, кога ќе успеете да бидете на мир со себе, тогаш ќе наиде интересна личност.

Шкорпија


Шкорпиите кои се во врска ги очекуваат убави моменти со партнерот, со што уште повеќе ќе се заљубат во саканата личност. Ќе ги видат вистинските квалитети и ќе ги ценат, а тоа ќе биде идеален период за јакнење на односот. Зимата е одличен период да минете драгоцено време со нив, да се запознаете подобро, но и да не заборавите на пријателите.

Слободните Шкорпии ќе запознаат личност која силно ќе ги привлече, само мораат да обрнат внимание на тоа да не претераат. Тоа може да биде малку одбојно за другата страна, така што не инсистирајте, бидете таинствени и суптилни.

Стрелец


Стрелците кои се во врска во текот на зимата ќе навлезат во фаза кога ќе им пречат нивните партнери. Ќе се запрашате откаде е тоа чувство, но проблемот треба да го најдете во себе. Дали на работите гледате реално, дали е помината заљубеноста, прашање е зошто овој период е толку турублентен. Внимавајте да не донесувате нагли одлуки кои можат скапо да ве чинат.

Слободните Стрелци конечно ќе навлезат во фаза кога знаат што сакаат, и тоа нема да го кријат. Бидете отворени и пуштете ги убавите работи конечно да навлезат во вашиот живот.

Јарец


Припадниците на овој знак кои се во врска ќе имаат мирна зима пред себе, кога станува збор за партнерот. Свесни сте дека некои работи не се идеални, и дека морате да работите на нив, но секако нема да имате ни сила сите да ги решите одеднаш. Периодот кој помина многу ве исцрпи, па сега ви е потребен само мир. Важно е само да не одите во крајнот и да не дозволувате да бидете рамнодушни.

Слободните Јарци ги очекува бурен период кога станува збор за интересни познанства и силна енергија. Во еден момент може да се јави можност да се смирите со бивши партнер, но тоа не мора да значи дека ќе биде добра одлука. Секако, добро размислете што сакате и што ви е потребно.

Водолија


Зимата ќе биде период на незадоволство и нервози за оние кои се во врска. Незадоволството е поврзано со партнерот, но морате да се трудите трезвено да ги согледате работите и да сфатите дали е до вас. Сепак, не дозволувајте така лесно да ја изгубите личноста која ја сакате.

Слободните Водолии малку се плашат од влегување во нова врска. Дали се плашите од ново разочарување? Размислете добро. Вистинската личност ќе дојде, во тоа бидете сигурни.

Риби


Рибите кои се во врска или брак ќе имаат добар период пред себе. Мирот и задоволството во врската ќе влијаат и на сите останати аспекти. Ве очекува романтична и интересна зима. Период на искреност и многу доверба и во кој конечно ќе го цените тоа што го имате. Најважна е добрата комуникација, а тоа ќе го имате во текот на зимата.

Слободните Риби ќе имаат можност за интересни средби. Не се саботирајте самите себеси и не дозволувајте да бидете блокирани од стравот. Можеби сте биле повредени во минатото, но тоа оставете го позади себе. Многу убави работи ве чекаат, само ако бидете отворени за нив.