Многу пријатно изненадување за стрелците, водолиите ги очекува долг пат – Дневен Хороскоп (15.03.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Имате потреба да бидете во центарот на случувањата и за се да бидете известени. Не им се препуштајте на брзите импулси и непромислените одлуки. Партнерот може погрешно да ве разбере. Можни се проблеми со дишните органи.

Бик (21.04 – 21.05)

Ве очекуваат помалку непријатности на работното место. Водете сметка за секој изговорен збор. Ќе бидете склони при изборот на партнерот поголемо значење да му придадете на физичкиот изглед, отколку на другите важни вредности. Потребно е да обавите систематски преглед.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Обидете се во игрите на среќа, можна е добивка. Физичката привлечност и страст е нешто што за вас ќе биде примарно при изборот на идеален партнер. Можно е да ја раскинете врската и веднаш да влезете во нова. Склони сте на настинки и осетливо ви е грлото.

Рак (22.06 – 22.07)

Доколку донесете некои важни одлуки, прво добро размислете. Можни се промени на емотивен план. Повозрасните може да oчекуваат промени во врска со децата, всушност во односот со нив. Можно е да ви се појави проблем со крвниот притисок.

Лав (23.07 – 22.08)

Често влегувате во судири со колегите. Суетата не ви дозволува да го прифатите својот дел од вината. Партнерот не го разбира вашето однесување. Научете да го цените она што го имате. Склони сте на прекумерна исхрана.

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекува помош од колегите со кои немате многу контакти. Со оглед на тоа дека љубовта ви е важна, ве очекуваат радости и љубовни состаноци. Добро изгледате и добро се чувствувате, единствено ви е потребно мало опуштање.

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекува важен разговор со претпоставениот. Финансиската ситуација ќе ви биде релативно стабилна. Аспектите покажуваат дека сте насочени кон средување на домот или пак размислувате за преселување. На емотивен план, чудни задоволства.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате потреба да доминирате. Ве очекува едно убаво патување, а што е уште поубаво ќе бидете во пријатно друштво. Ве очекуваат промени во вашата куќа и кариерата. Добро изгледате и добро се чувствувате, единствено ви е потребна мала релаксација.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете многу пријатно изненадени од веста која ќе ја добиете од соработниците. Меѓутоа, тоа не е се, бидејќи во текот на заедничката работа најверојатно ќе развиете и некои чувства меѓу вас. Не донесувајте нагли одлуки. Преосетливи сте на критики.

Јарец (22.12 – 20.01)

Свесни сте дека секоја промена ви одговара. Доколку бидете во ситуација да потпишувате некои документи, не правите ништо непромислено и посоветувајте се со некој кој е стручен за тоа. Ве очекуваат емотивни проблеми.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе добиете понуда за партнерство, сепак ви се советува најпрвин добро да ги проверите сите информации. Можна е измама. Постои можост со партнерот да заминете на некој пат, каде ќе го надокнадите загубеното.

Риби (20.02 – 20.03)

Манипулативни сте и ќе успеете едно лице да го искористите за да ги остварите своите замисли. Љубовта не е на ваша страна, избегнувајте кавги и расправии. Понекогаш е подобро да бидете сами. Осцилирачки крвен притисок.